17 Декември, 2025
0.1543

Владата најголем финансиер на комерцијалните телевизии, „Cител“ најмногу профитирала

Објавено во: Економија 28 Јули, 2013 14:40

Добивај вести на Viber

Владата лани била најголем огласувач, а со тоа и најголем финансиер на комерцијалните телевизии на кои се емитувале нејзините реклами, покажува последната економска анализа на Советот за радидиодифузија за 2012 година. На табелата со првите 50 огласувачи, Владата е на прво место со 4,03 проценти удел. Тоа е прилично зголемување на рекламирањето на Владата во однос на 2011 година кога беше на четврто место со 2,5 проценти удел во огласувањето. Вредностите се пресметани, кога цените на рекламирање се помножени со времетраењето на рекламните спотови.   Според анализата, четирите телевизиски станици Сител, Канал 5, Телма и Алсат-М, минатата година оствариле приходи од 1210, 15 милиони денари, а речиси половината од вкупните приходи остварила ТВ Сител (48,52%) а значајно учество имале и приходите на Канал5 (29, 87%). Од оваа сума од 1210,15 милиони денари, 90 проценти се од отстапување на рекламен простор. Сител остварила 586, 61 милиони денари или безмалку 10 милиони евра. ТВ Канал 5 прикажала 276, 78 милиони денари, односно околу 4, 5 милиони евра. ТВ Алсат-М околу 2, 4 милиони евра и ТВ Телма нешто над 1,26 милиони евра која имала најмалку приходи од реклами или само 7, 1 проценти. Најдобар резултат од работењето има ТВ Сител која остварила добивка од 137, 74 милиони денари односно 2, 2 милиони евра. Од сателитските телевизии, најголеми приходи има ТВ Алфа, 95, 27 милиони денари или нешто над 1,5 милиони евра, потоа НАША ТВ со 700 илјади евра, ТВ Канал плус со 600 илјади евра, односно овие три сателитски телевизии оствариле 94, 64 % проценти од приходите од телевизискиот пазар. ТВ 24 вести остварила приход од 6. 820 000 денари или околу 111 илјади евра. Само Наша ТВ и ТВ Канал плус прикажале добивка, додека останатите четири сателитски телевизии (ТВ 24 вести, ТВ Сонце, ТВ Сител 3 и Алфа ТВ) имале загуба. Наша ТВ имала загуба од 33, 49 милиони денари односно пола милион евра. Најатрактивна за огласувачите од регионалните телевизии била ТВ ЕРА која по оваа основа прибрала средства од 15, 52 милиони денари, односно 250 илјади евра, но највисока добивка остварила ТВ БТР од 0,88 милион денари, односно 14 илјади евра. Добивка оствариле и ТВ ЕРА, ТВ Шутел, ТВ Амазон, и ТВ МТМ.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас