27 Септември, 2024
0.0275

Владата нема да побара одговорност од Наумче Мојсовски

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување корупција, во емисијата „Топ Тема“ информираше дека нема изгледи за поднесување одговорност од страна на Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, по отворениот случај за бројни незаконитости во распределбата на парите преку т.н. спортски ваучери во износ од околу десет милиони евра на годишното ниво.

Владата до ДКСК, наспроти очекувањата на Антикорупциска, испратила покана од таму да делегираат претставник во група што ќе работи на подготовка на нов закон за спорт. Со работната група било прелдожено од Владата да раководи Мојсовски. 

– До кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска испративме иницијатива за утврдување одговорност, што значи за разрешување на директорот на Агенцијата. Испративме и кривична иницијатива до Јавното обвинителство, како и барање за засилени контроли до УЈП. Не добивме одговор. Но она што ни падна во очи е дописот кој неделава го добивме од Владата и со кој не задолжува да испратиме член во работната група за подготовка на нов закон за спорт и тоа во работна група која што ќе ја раководи директорот на Агенцијата. Гледајте го сега тоа. Дали треба коментар повеќе – рече Ивановска.

Комисијата иницираше кривично гонење на Мојсовски и на членовите на Централната комисија за евалуација на предлог-листите за доделување спортски ваучери на спортските федерации, клубови и поединци.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања