17 Декември, 2025
0.0413

Владата нуди поволни кредити за микро и мали претпријатија за намалување на невработеноста

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија од утре преку „Агенцијата за вработување“ ќе распише јавен повик за обезбедување многу поволни кредити наменети за микро и мали претпријатија, со цел отворање нови работни места.

 За овој дел од проектот предвидени се пет милиони евра на годишно ниво.

Александар Ѓорѓиев, портпаролот на Владата денеска изјави дека ако постои интерес за поголем број вработувања што би го надминал овој лимит, Владата ќе го зголеми финансискиот план, се во интерес на граѓаните.

Секое ново работно место ќе биде во можност да биде финансирано со по три илјади евра, а најмногу ќе може да се финансираат три нови работни места.

Периодот на враќање на средствата е три години со една година грејс период, со каматна стапка од само 1 процент, што е најниска во регионот.

Огласот ќе трае десет работни дена. Право на учество имаат микро претпријатија кои имаат до 10 вработени и мали претпријатија кои имаат до 40 вработени, но мора да бидат регистрирани во период најмалку од една година, да имаат најмалку двајца вработени во период од три месеци и во изминатите шест месеци да го немаат намалено бројот на вработените.

„Претпријатијата кои ќе аплицираат за овие средства ќе можат да бираат меѓу две опции и тоа да наведат лице кое во евиденцијата на Агенцијата за вработување се води како невработено во период најмалку од три месеци и да се аплицира за добивање средства за вработување на тоа лице или бланко да се поднесе апликацијата до Агенцијата од каде по службена должност ќе биде обезбедена листа на луѓе со соодветни квалификации кои би можеле да ја извршуваат работната позиција согласно барањето на претпријатието,“ вели Ѓорѓиев.

Компаниите кои ќе имаат можност да ги искористат овие средства, ќе имаат обврска во период од 36 месеци да не го намалат вкупниот број на вработените односно да го задржат лицето кое го вработиле, а доколку тоа лице биде отпуштено од работа, ќе треба да вработат друго лице.

Кредитирањето ќе оди преку Македонската банка за поддршка на развојот.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега