05 Декември, 2025
0.0270

Владата очекува Косово да ја повлече донесената Одлука за зголемени царини

Објавено во: Агробизнис 24 Јули, 2018 16:49

Добивај вести на Viber

Владата на денешната седница на која присуствуваше и претседателот на Владата Зоран Заев, се разговараше за зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на денешната прес конференција информираше  дека на новонастанатата ситуација со Косово, деноноќно работат сите министри при Владата на Република Македонија.  Николовски истакна дека Владата, заедно со сите министри, се вложува да гради добрососедски односи со сите земји од регионот. Од Владата информираат дека Македонија тргна по евроинтеграцискиот пат од кои бенефит треба да имаат сите граѓани. Косово за Македонија е сериозен трговски партнер, со голем суфицит во нашата трговска размена, токму затоа мора сериозно длабински, темелно да се пристапи на решавање на состојбата.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на денешната прес конференција информираше и дека: Преку низа на средби во Косово  за надминување на овој проблем, беше вклучен министерот за надворешни работи Никола Димитров. Вклучен е вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, советниците на претседателот на Владата, и се разговара со сите. Денеска се разговарало и со потпретседателката на Владата задолжена за  Еу на Косово.

„Јас сум постојано во контакт со мојот колега во Косово, а министерот за економија Крешник Бектеши со министерот за економија на Косово. Мора да имаме трпение. Она што очекуваме, а јас очекувам и денеска во најкраток можен рок, Косово да ја преиспита одлуката. Во моментов се закажува седница на Владата на Косово. Постојано сме во комуникација, и сметам дека сите разговори одат во таа насока  а тоа е Одлуката да биде повлечена. Сите нови моменти ги очекуваме во следните неколку часа. Веќе утре, има регионална министерска средба во Белград – Србија од каде едногласно се испраќа пораката за прекршување на ЦЕФТА спогодбата и за потребата оваа одлука веднаш да биде повлечена. Ние како Влада, разговаравме и за мерките кои треба да ги преземеме за заштита на нашето производство. „ – истакна министерот Љупчо Николовски

Во моментов имаме активни мерки за доматите, за која земјоделците  бараат продолжување на истата. Ги разгледуваме сите опции и можности во делот на штетите кои ги имаат претрпено земјоделците, дали ќе има интервентни мерки во зголемување на нивните износи или во зголемување на субвенциите за површина ќе се знае откако ќе ги добиеме сите податоци и параметри кои производи се загрозени.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?