17 Декември, 2025
0.1280

Владата се задолжи 20 милиони евра, за да врати 18,8 милиони евра

Објавено во: Економија 24 Јули, 2013 12:18

Добивај вести на Viber

Владата вчера се задолжи за уште околу 20 милиони евра, преку издавање на четири пакети државни хартии од вредност, иако планираше да се задолжи со 18,8 милиони евра. Исто така, државата треба да врати 18,8 милиони евра во стопанството.

Како што информираат од Министерството за финансии, вчера биле издадени два пакета од двегодишни државни обврзници, еден пакет петгодишна обврзница и еден пакет шестмесечни државни хартии од вредност.

Од двегодишните државни обврзници без девизна клаузула се реализирале  890.000.000 денари односно 14,5 милиони евра. На аукцијата на петгодишни државни обврзници со девизна клаузула се реализираа 172.850.000 денари или 2,8 милиони евра. Од шестмесечните државни хартии од вредност со девизна клаузула се реализирале 219.490.000 денари односно 3,5 милиони евра.

Банките и овој пат биле најзаинтересирани за двегодишните државни обврзници, а другите клиенти пројавиле интерес главно за петгодишната обврзница.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас