05 Декември, 2025
0.1527

Владата стана мнозински сопственик на ЕМО

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 18:52

Добивај вести на Viber

Владата доминантен сопственик на над 51 отсто од капиталот на ЕМО АД, Охрид, откако компанијата издаде акции во корист на Владата со кои беше пребиен долг кон државата во износ од 4,16 милиони евра. Комисијата за хартии од вредност одобрила упис за 143.934 акции со право на глас во сопственост на Владата на Република Македонија. Акциите Владата ги добила во посед заради трансформација на државен дол на А.Д.ЕМО во траен влог во акции на компанијата. Трансформацијата е направен согласно со законот за трансформација на обврските на ЕМО и капитално поврзаните друштва по основа на јавни давачки, соопштуваат од компанијата. Ова значи дека долгот на ЕМО АД кон Владата, во износ од 4,16 милиони евра, е претворен во акции, по што вкупниот број на акции на компанијата од трите емисии изнесува 758.860. Од нив пак  Владата, сега поседува 391.219 акции или точно 51,55 отсто од вкупниот број. Според официјалните податоци од Централниот депозитар на хартии од вредност ЕМО има вкупно 683 акционери. Од нив 622 се домашни физички лица кои поседуваат 8,3 отсто од акциите, 41 странско физичко лице поседуваат 1,5 отсто од акциите, а 7 домашни фирми делат околу 7 отсто од акциите, а 11 странски фирми делат 11,5 отсто од акциите на компанијата.
 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката