03 Јануари, 2025
0.0289

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Прермиерот Христијан Мицкоски на пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Собранието рече дека во Вашингтон го молел раководството на изведувачот „Бехтел и Енка“ да не активира казнени клаузули од, како што рече, 100-тина милиони евра.

- Првата средба со Бехтел и Енка ја имав во Вашингтон и молев, требаше да ни наплатат 100 милиони евра зошто немаа фронт за работа. Молевме, да молев и ќе молам ако треба да го заштитам секој денар на граѓанинот на Македонија. И што направивме?Заедно со потпретседателот на владата и директорот на „Државни патишта“ со претставници од компанијата излеговме на истотото место (Гостивар - Букојчани)  каде што претходно се пукаа петарди, за да означиме отворен фронт со расчистени имотно правни односи и траса на која може конечно да се работи, рече Мицкоски.

Филипче како пратеник во Собранието го праша Мицкоски зошто организирале промотивен настан со „Бехтел и Енка“ на траса од изградбата на проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, кога ВМРО-ДПМНЕ на времето како опозиција биле против овој договор со американско-турскиот конзорциум, на што премиерот одговори дека неговата партија била против посебните закони.

- Бехтел и Енка била дел од програмите на СДСМ, но она што е важно е дека тоа што вие го направивте,посебно во проектот за изградба на Коридор 8 и Коридор !0Д, беше понижување за министерот за транспорт и тогашниот премиер.Ги доведовте во подредена положба да им се смеат и мајтапат вашите коалициони партнери кои играа фудбалкчиња на начин на кој што овде во парламентот носевте закони кои немаа врска со европските закони. Ги злоупотребувате и европските вредности и македонскиот устав, истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека договорот со конзорциумот не може да се раскине затоа што би се платиле стотици милиони евра казнени пенали.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ТРИ НОВИ ЧЛЕНОВИ: БРИКС се шири

УШТЕ ТРИ НОВИ ЧЛЕНОВИ: БРИКС се шири

ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО СВЕТОТ: Некои земји ги зголемија, а други ги намалија

ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ ВО СВЕТОТ: Некои земји ги зголемија, а други ги намалија

ЦЕНИТЕ НА КАФЕТО И КАКАОТО УРИВААТ РЕКОРДИ: Што доведе до поскапување?

ЦЕНИТЕ НА КАФЕТО И КАКАОТО УРИВААТ РЕКОРДИ: Што доведе до поскапување?

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува