20 Декември, 2025
0.0528

Владата вработува – бара членови на Советот за јавни набавки

Објавено во: Мои пари 22 Декември, 2013 19:42

Добивај вести на Viber

До петок трае конкурсот за вработување на новите членови од Советот за јавни набавки. Аплицирањето е во тек, информираше на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, а ќе примат пет члена кои ќе ги бира Владата. Според Ѓорѓиев, ќе има работа за полно работно време, па тие што ќе бидат примени, ќе мора да го прекнат работниот однос ако се веќе вработени на друго место. Кандидатите исто така треба да се државјани на Македонија, високо образовани и со барем три години работно искуство од областа на јавните набавки. „Сите заинтересирани субјекти кои ги исполнуваат овие критериуми ќе може да ги достават своите апликации директно во Владата или по пошта. Се очекува по истекот на огласот во многу краток рок да бидат избрани членови и да почнат со соодветните обуки, а од 1 мај идната година Советот да почне со работа“, појасни портпаролот. Советот, додава тој, ќе има исклучителна улога, ќе обезбеди дополнителен квалитет, транспарентност и ќе ги спречи можностите за компромитирање на самиот систем, па дири и ќе ги намали трошоците. Притоа ќе издава четири вида специфични согласности за одредени постапки за јавни набавки. „Првата е согласност за техничките спецификации и услови, кога на домашниот и меѓународниот пазар нема да можат да бидат обезбедени најмалку пет понудувачи на јавниот процес. Втората е согласност за критериумите за способност во услови кога не постои задоволување на определени услови за способност од минималниот број понудувачи, третата согласност е за користење на критериумот економски најповолна понуда и последната е за групирање на повеќе ставки во еден дел, во јавните набавки во здравството за набавка на лекови, потрошен материјал и медицински помагала“, појасни Ѓорѓиев.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии