Владеачката партија плаќала за средби со американски политичари?!
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016
Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ плаќала дебела сума за тапкање по рамо, пренесе „Радио Слободна за Европа“.
Македонскиот јавен сервис на РСЕ објавуви извештаи од американските компании што ВМРО-ДПМНЕ ги има ангажирано и од нив може да се види платените американски компании што сработеле во шестмесечниот период за владејачката партија од Македонија.
Извештаите се објавени во Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерството за правда.
Во едниот извештај на компанијата Глобал Секјурити, која партијата ја плаќаше со два договора – едниот во вредност од 35 илјади долари месечно, а другиот од 140 илјади долари, како нивни активности се наведуваат средбите на Груевски со Сешн и со Берсин кои се случија на седми јануари годинава. „Сешн до Груевски: Вашето присуство во Вашингтон е значајно за САД“, беа тогаш насловите во голем дел медиуми што важат за блиски до владејачката партија.
Целата сторија читајте ја овде.