18 Декември, 2025
0.1278

„ВЛАДЕЕ ТОТАЛНА БЕЗИДЕЈНСОТ ВО СДСМ“: по објавата од опозицијата дека Владата набавува софтвер за прислушување

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2025 15:50

Добивај вести на Viber

Владината портпаролка Марија Митева денеска во целост ги демантира обвинувањата на СДСМ дека МВР набавува сомнителен софтвер за прислушување. Како што истакна, се што било изнесено на прес-конференцијата на СДСМ е ноторна лага. 

Прес-конференцијата ја одржа потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки и воспоставува режимски практики на контрола преку заплашување и прислушкување новинари, активисти и неистомисленици, а на почетокот на мај годинава МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушување и шпионажа на телефонските уреди.

- Во целост ја демантирам прес-конференцијата на СДСМ и се што е изнесено на неа е ноторна лага. СДСМ е политичката партија која во време на власта го набави тој софтвер за форензика и точно знае дека софтверот не може да функционира без лиценци. Тие лиценци на годишно ниво секогаш се набавуваат зашто таа опрема е наменета за дигитална форензика. Овој договор што го спомнуваат е рамковна спогодба за три години за набавка на лиценците и ништо повеќе од тоа. Замислете, набавуваат опрема во нивно време, денеска излегуваат на прес-конференција и лиферуваат лаги. Мислам дека владее тотална безидејност во СДСМ - истакна Митева, одговорајќи на новинарски прашања во Владата.

Во врска со вчерашниот марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани и нивните барања за оставки и одговорност на државниот врв, Митева уште еднаш повтори дека Владата ја разбира болката на семејствата, но на собирот биле слушнати, напомена, „лични напади кои политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина“.

- Во целост ја разбираме болката на семејствата, но од друга страна беа слушнати лични напади кои политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политилка позадина. Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофили, подвлече владината портпаролка.


Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска