20 Декември, 2025
0.0469

Владеењето на правото е единствен излез од политичката криза

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2016 07:42

Добивај вести на Viber

Како пред, така и по изборите од 11 декември, политичката ситуација  во земјава останува “кревка” и доста неизвесна. Резултатите од прегласувањето во Теарце повеќе треба да ги запамтат и да ги имаат во предвид албанските политички лидери при преговарањата за нивно коалицирање во идната влада, а  форматот на новата Влада треба да биде политичка  која ќе биде подготвена  да ја превземе одговорноста за доста важни државни одлуки, макар тоа и да се одразува во нивниот вкупен рејтинг- вели за Фактор, универзитетската професорка Арта Биљали- Зендели.

Без да се преземе одговорноста за големите отворени прашања, според неа  државата ќе “стои во  место”,  а не се исклучува вели ни можноста за сериозно  назадување.

По завршувањето на изборите, имаше бројни жалби до ДИК и скоро сите беа одбиени. Тие што не ги одби ДИК ги одби  Управниот Суд. Фактот што Управниот Суд ја укина Одлуката на ДИК за прегласување во Гостивар, покажа уште еднаш дека судовите работат под одредени инструкции и не се оставени самостојно и објективно да ги оценуваат фактите и да донесат праведна одлука. Од друга страна, се прегласуваше во Теарце- место со помал број гласачи и  похетерогена изборна единица, но тоа не се одрази врз конечниот резултат. Пораката од прогласувањето во Теарце секако би требало да влијае при преговарањата на албанските политички партии за идна коалициона влада. Без да се преземе одговорноста за големите отворени прашања, мислам дека само ќе стоиме “на место” а не се исклучува ни можноста за чекорење наназад и никако нема да одиме напред”- потенцира професорката Биљали-Зендели.

За излез од политичката криза вели неопходна е непречена работа на СЈО како и исполнување на Извештајот од Прибе. Тоа го посочуваат и извештаите на Европската Комисија во која се нотирани нереализираните реформски приоритети како клучни за излез од кризата и препораката за отпочнување на преговори. Дополнително стигна  и силната критика на адреса на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од меѓународната заедница и од  Фондацијата „Конрад Аденауер“ на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел која упати остри критики за недемократско однесување на „сестринската“ партија во Македонија.

“Ако се има предвид дека десно-ориентираните партии имаат префернции кон “сестринските”партии, овие критики не мислам дека не се добронамерни. Тоа укажува дека за нив е поважна општата политичка состојба во Македонија отколку власта на една нивна “сестринска” партија.Продолжувањето на мандатот на СЈО мислам дека е најголем моментален предизвик за Република Македонија. Во таа смисла, Законот за СЈО (според член 1, став 3) важи во временски период од 5 години, а може да се продолжи еднаш годишно со одлука донесена со двотретинско мнозинство од пратениците, Специјалниот Јавен Обвинител (член 3, став 1) има мандат од 4 години со право на повторен избор а времето (според член 22) со кое СЈО располага за покренување на обвинение или запирање на истражната постапка е 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. Ова последното веќе е при крај и по сė изгледа ќе мора да се продолжи мандатот на СЈО”- објаснува професорката по кривично право.

Појавувањето на осомничените или обвинетите лица  на пратеничките листи,  а кои беа главни протагонисти во прислушуваните материјали,  според професорката е повеќе прашање на нивен  кредибилитет и интегритет, отколку на законски прописи. Пресумпцијата на невиност како што вели штити за сите видови кривични дела и претставува едно старо начело кое сė уште важи и штити!

“Ако лицата кои се главни протагонисти на прислушкуваниот материјал, и натаму претендираат да се дел од креаторите на новите политики, тоа со актуелните законски прописи не им е забрането. Имено, во чл.7 на Изборниот Законик (меѓу друго) се предвидува дека: “За избор на пратеник, член на совет или градоначалник не може да биде избрано лице кое се наоѓа на издржување на казна затвор за сторено кривично дело и лице на кое со правосилна судска пресуда му е изречена казна затвор од најмалку шест месеци”. Законот за пратеници на Република Македонија, во својот член 7 предвидува дека на пратеникот му престанува мандатот ако е осуден на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Можеби овде пратеникот го штити имунитетот, но пак имаме одредба за осуденост, а не за обвинение или осомнителност!Одредени закони исто така како ограничување ја предвидуваат и дополнителната казна од типот на забрана за вршење на професија, дејност или должност но и тоа треба да им биде изречена со судска одлука, а не за истата да се води истражна или предистражна постапка!Според тоа, начелото на пресумпција на невиност е добро етаблирано во законите на Република Македонија!”- нагласува професорката Биљали-Зендели.

Најголем приоритет според неа треба да биде продолжувањето  на евроинтегративниот процес. Тој пат вели не е пат на филозофија и реторика, туку пат на конкретно исполнување на домашните задачи, во кои засега не се виде искрена волја за нивно успешно довршување.

“Патот кон ЕУ и НАТО  е пред нас и само треба да знаеме да чекориме до таму. Го почнавме но никако да го довршиме!Имајќи во предвид дека ЕУ и НАТО, пред една деценија беа далечни за некои земји кои денеска се рамноправни членки на ЕУ, на НАТО или на обете, а Македонија тогаш чекореше силно и беше во подобра ситуација од некои денешни рамноправни членки, морам да признаам, дека лично имам впечаток дека малку сме го изгубиле чекорот и не сме оделе по правиот пат. Тоа всушност го покажуваат на јасен начин и сукцесивните извештаи на ЕК!Од друга страна, патот кон ЕУ и НАТО е доста јасно етаблиран и мислам дека ако бевме навистина ориентирани и определени, веќе Македонија ќе беше рамноправна членка”-порачува универзитетската професорка.

На  внатрешно- политички план, единствено решение  гледа во одвојувањето на правниот систем од дневната политика. Бидејќи владеењето на правото според неа е единствениот излез од  кризната ситуација. Без владеење на правото, според проф. Биљали-Зендели, проблемите само ќе  се акумулираат, а кризата  ќе се продлабочува!

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки