20 Декември, 2025
0.0367

Владимир Талески сака 2016 да биде само лош сон

Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2017 09:30

Добивај вести на Viber

Може да се рече дека во 2016 година битолскиот градоначалник го извлече „најдебелиот крај“. Од сите осомничени и обвинети функционери од Специјалното јавно обвинителство за криминал и корупција, единствено тој доби домашен притвор.

Градоначалникот ако води дневник сигурно во тие три месеци, од јуни до септември, колку што си поседе дома, немал што многу да пишува.

„Станав, пиев кафе, читав по весници што пишува за мене, муабетев по телефон, потпишав неколку документи за општината, ручек, си дремнав, вечерта дојдоа од партија на кафе и после си легнав“. Ова најверојатно беше секојдневието на Талески во екот на летото.

Актерот градоначалник, познат по улогата на Двојче, уште на почетокот на годината можеше да претпостави дека нема да му биде наклонета. Неговото име како можно осомничено во криминални активности, го извади Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој го помилува заедно со уште 53 други лица од најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Неколку недели подоцна стигна абер од Специјалното јавно обвинителство. Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“, заедно со уште 22 лица за злоупотреба на службената положба и проневера на 360.000 евра.

Талески немаше „дерман“ од своите битолчани ни кога излезе од домашен притвор. Каде и да се појавеше на јавен настан, го прогонуваше герила акција со транспарент „Парите да ги вратите“.

Владимир Талески сигурно едвај чека да дојде 2017, иако и таа ќе биде неизвесна за него. Случајот „Транспортер“ допрва ќе влегува во судска постапка.

Двојче не треба да го чека Дедо Мраз за да му донесе пакетче. Тој си доби сопствена банкота „Владимирка“, во вредност од 360.000 евра, пари за колку што е осомничен и треба да докажува дека ги потрошил одговорно и домаќински.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки