19 Декември, 2025
0.0414

Владина реакција по изјавата на Захариева: Јазикот и идентитетот се потврдени, да не даваме политички изјави

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2020 12:18

Добивај вести на Viber

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се факти потврдени од Обединетите Нации и за ова не смее да постои дилема. Владата на Република Северна Македонија е за дијалог којшто ќе доведе до решенија на отворените прашања. Сметаме дека во оваа фаза, со давање политички изјави, не треба да се нарушува процесот на разговори којшто се води меѓу двете министерства за надворешни работи. Ова е ставот на македонската Влада по изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, вчера за Ројтерс. Таа изјави дека Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но дека треба да се признаат историската вистина и да се препознаат корените на нацијата и јазикот.

Потсетуваме дека нема потреба од нов договор, ниту од анекс на Договорот. Во рамките на постојниот Договор, Владата е подготвена да прифати појаснување на одредени загрижености коишто постојат во Софија и сметаме дека на таков начин, гледајќи низ позитивна призма, Република Северна Македонија ќе ја оствари целта- до крајот на годината да ги почне преговорите за членство со Европската Унија. Факт е дека имаме заедничка историја којашто е потврдена во Договорот за доброседство, пријателство и соработка и ако се фокусираме кон иднината, заедничката историја треба да се искористи за да се најде решение. Владата на Република Северна Македонија ги охрабрува експертите од заедничката Комисија за историски прашања да продолжи кон изнаоѓање решенија, велат од Владата за Фактор.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните