Владиниот дигитален асистент за инвестиции АДА во аут
Објавено во: Економија 17 Ноември, 2024
Првиот владин дигитален асистент за инвеститори АДА, за кого биле потрошени 150.000 евра, извесен период не работи, објави ТВ Алсат.
АДА е дигитален асистент во јавниот сектор базиран на вештачка интелигенција и имаше должност да им овозможи на граѓаните и компаниите да добијат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и за државната помош предвидена за инвестиции.
Но, и покрај фактот дека за овој дигитален асистент се потрошени околу 150 илјади евра, истиот денес, не функционира. Станува збор за алатка која промовираше комбинирање на дигитализацијата и економскиот развој. Треба да ги информира граѓаните за државната помош, наместо тоа да го прават вработените
АДА требаше да функционира и на веб-страната на Фондот за иновации и технолошки развој, како и на Дирекцијата за индустриски технолошки развојни зони. Од Фондот за иновации информирале дека имаат технички проблем, а од Дирекцијата за индустриско технолошки развојни зони нема одговор.
За апликацијата, која е креирана за потребите на програмите за владина помош преку Планот за економски раст, актуелната влада нагласува дека во февруари истекол договорот со компанијата која ја изработила и ја одржувала апликацијата.
„Во согласност со ова издадено упатство, кое е направено во периодот на техничката влада, ве информираме дека сите активности се забранети до изборот на новиот носител на мандатот на владата. Во моментов се разгледуваат можностите за обновување на АДА, со цел да се обезбеди автоматизирана комуникација со заинтересираните граѓани за обезбедување на државна помош“, велат од Влада на Северна Македонија.