„ПОЛИЦИЈАТА ГИ НАОЃА ТЕЛАТА ПО КАЖУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ“: Адвокатот Јанаки за судењето кое ја бранува јавноста „како сега негираат вина?“
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2024
Случајот кој ја разбранува и разгневи македонската јавност, исчезнувањето и убиството на младата Вања Ѓорѓиевска, како и судењето со кое деновиве во јавноста се изнесуваат нови детали за потрагата по малата Вања се почеста причина за коментари меѓу граѓаните.
Адвокатот Јанаки Митровски, кој важи за остар критичар на општествените случувања, со свој коментар и за обвинетите во случајот со убиството на Вања и Панче Жежоски.
- Во случајот Вања полицијата ги пронаоѓа телата по кажување на дел од обвинетите и како сега тие негираат вина? Кај соизвршителство не е виновен само оној кој го потекнува орозот - вели Митровски.
Слушнете го целото негово објаснување: