„СНЕГ И ТЕМПЕРАТУРИ 10 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА“: Попоски најавува нов ладен бран следната недела
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2024
Нов поларен бран се очекува следната ндела да се спушти од Артикот, и да достигне се до Балканскиот полуостров.
Метеопрогнозерот Славчо Попоски најавува нагло и значително заладување.
- Вечерашниот излез на прогностичкиот модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза упорен во поглед на моќното спуштање на поларниот бран од Арктикот кон Балканот и тоа од 20 Ноември па во деновите потоа.
Освен снег, во Алпскиот регион ќе донесе температури и под - 20 степени, ширум Балканот на многу места температури до -10 степени, понекаде до околу, па и под -15 степени! Се на се, ова стварно наликува како да сме Јануари, а не Ноември - посочува Попоски.
Фото: Принтскрин/Фејсбук