17 Декември, 2025
0.1134

Владино роуд шоу во Калинград, руски тур-оператори ќе дојдат во Македонија

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2013 18:49

Добивај вести на Viber

По Естонија вчера, денеска инвестицискиот владин тим замина за Калининград каде и претстави потенцијалите за инвестирање и деловната клима во Македонија. На форумот во овој регион од Руската Федерација учествуваа претставници на компании од производниот сектор,  туризмот и земјоделството. Како што истакна македонскиот премиер Никола Груевски, Русија е значаен економски партнер на Македонија и нашата економска соработка и размена се постојано расте во текот на последната деценија. „Македонија ги укина визите за руските граѓани и може да дојдете во Македонија за да се уверите на дело во нашите поволности. Во Македонија има руски инвестиции како што се Протект груп, Солвеј груп, Лукоил, Гришко и од нив може да добиете потврда за можностите за водење на успешен бизнис во нашата земја“, повика Груевски. Тој ги повтори рангирањата на Македонија на листата на Светска Банка и Прајсвотерхаус куперс, што според Груевски е доказ за поволната бизнис клима. Претседателот на Асоцијацијата на инвеститорите на Калининград, Стефан Влаховиќ пак ги охрабри бизнисмените да ги истражат деловните можности што ги нуди Македонија. Во делот на туризмот исто така беше најавено дека повеќе тур-оператори од Калининград на 14-ти јули ќе ја посетат земјава за да видат што може да им понуди на руските туристи. Според вицепремиерот Владимир Пешевски, кој заедно до владиниот тим престојува во Калининград, ова е добра можност за Македонија. „Се договори посета на некои туристички компании и тур-оператори во Македонија. Дел од нив веќе носат туристи и најавија зголемвуање на бројот туристи во Македонија за оваа сезона. Постојат можности и во другите области, во делот на градежништвото, енергетиката, поради што очекуваме комплетни резултати“, изјави Пешевски.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега