17 Декември, 2025
0.1004

Владино роуд шоу во Пекинг, кинески инвестиции во Македонија?

Објавено во: Економија 02 Јули, 2013 19:26

Добивај вести на Viber

Продолжува владиното роуд шоу во Кина, во кое во текот на денот премиерот Никола Груевски се сретна со претседателот на Народна Република Кина Џипинг Си. На средбата во Пекинг тие ги поздравиле пријателските односи државите и високиот степен на доверба. Според Груевски соработката со Народна Република Кина за Македонија отвора можност за стратегиско партнерство и развој на економските односи, трговската размена и соработката на полето на инвестициите. Кинезите најавиле дека области каде што може да се забележи значителна соработка е инфраструктурата и градежништвото, енергетиката и медицината. Премиерот на Македонија уште еднаш повторил дека многу реформи се спроведуваат во земнјава, а ги презентирал и владините мерки за привлекување инвестиции и поволностите за водење на бизнис. Груевски истакнал дека Македонија е спремна за иницијативата на кинеската Влада со која најави поголема соработка со земјите од Источна и Југоисточна Европа Груевски уште еднаш ја повторил идејата за изградба на слободна економска развојна зона наменета исклучиво за кинески компании во земјава, а најавил и дека во Македонија може да биде дел од иницијативата на Кина за алоцирање на 10 милијарди долари средства на кинеската Влада за финансирање проекти. За време на една од поголемите болници во Пекинг, Груевски изјави дека се отвораат можности за пракса на македонски лекари кои ќе учат за кинеската традиционална медицина. Пред средбите со кинеските претставници, веднаш под пристигнувањето во Кина, Груевски во интервју за кинеската телевизија CCTV која емитува вести на сите континенти и има повеќе од 70 меѓународни претставништва ја презентираше Македонија како инвестициски рај и зборуваше за актуелните политички и економски прашања поврзани со Македонија и регионот.  

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија