Владо Јовановски и Борис Дамовски повторно ќе гладуваат на рочиште
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2018 10:53
Обвинетиот Борис Дамовски на тоа се спротивставил и рекол дека не може да биде забрането такво нешто затоа што тоа не се електронски уреди. Едниот од полицајците му рекол дека во судницата е дозволено само внесување вода, објави Макфакс.
Полицијата претходно го извади бурекот од чантата на актерот Владо Јовановски, со истото образложение дека не смее да го внесува во судската сала. На тоа Јовановски се насмевнал и рекол дека можеби во бурекот има опасни материи. Расправијата создаде мал метеж пред судската пријавница, по што обвинетите се упатија во судницата.
На претходните рочишта одбраната на обвинетите се пожали дека рочиштата траат маратонски и често обвинетите се гладни, бидејќи истите траат од претпладне до доцна навечер.
Во предвид тоа го зема и Хелсиншки комитет и „Сите за правично судење“. Судијата што го води предметот рекла дека ќе побара од службите (притворските) да обезбедат ланч-пакети.
На денешното рочиште, според динамиката на судење, треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од обвинителството.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




