05 Декември, 2025
0.0797

Власта ја присвои НБРМ, или СДСМ ја нападна макроекономската стабилност?

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2012 16:08

Добивај вести на Viber

Народната банка e ставена во улога на инструмент во рацете на власта, обвини денеска опозиционата СДСМ, укажувајќи на последиците кои настанаа откако Гувернерот, во април годинава, направи измени кај монетарните инструменти, го ограничи и намали износот на благајнички записи што банките можат да ги купат и со тоа ја олабави монетарната политика. Како што соопшти потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, седум месеци подоцна податоците го потврдуваат она што тогаш го кажувала опозицијата, а резултирало со зголемени цени и забавено кредитирање од страна на банките. „ Просечната годишна стапка на пораст на трошоците на животот од тогашните 2,5% се зголеми на 3,1%, а сега веќе и самата Народна банка предвидува дека до крајот на годината уште повеќе ќе се зголеми и ќе достигне 3,4%. Патем, не држи објаснувањето дека за сѐ е крива увезената инфлација, бидејќи базичната стапка на инфлација, која ги исклучува ефектите од поскапувањето на храната и енергијата, исто така се зголеми“, вели Јовановски. Во делот на кредитите пак објаснува дека кога Гувернерот ја правел промената, годишната стапка на пораст на кредитите на банките беше 8%, сега таа е пониска и изнесува 7,2%. „Кога гувернерот ја направи измената, банките поседуваа државни хартии од вредност во износ од 14,9 милијарди денари. На крајот од октомври, тој износ се зголеми на 24,2 милијарди денари. Значи после потегот на гувернерот цели 9,3 милијарди денари или 151 милиони евра на банките се пренасочија кон државниот буџет“, истакнува Јовановски кој најави дека ова е првата од двете прес конференции на опозицијата насловени Операцијата “Крпење на скинатиот буџет“. На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. „И НБРМ не им чини само затоа што делува независно и мисли поинаку од тоа што Јовановски и Црвенковски го мислат за работата на оваа институција. Јовановски заговара некакво сценарио за крпење на буџетот. И Јовановски и СДСМ треба да бидат свесни дека НБРМ е симбол на државноста, втемелувач и стожер на макроекономската стабилност. Секој напад врз неа преставува и напад врз макроекономската стабилност“, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ обвинувањето дека Владата ставила раце врз Народната Банка на Македонија. Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија  во година на тешка глобална криза остварува добри резултати и е рангирана на високото 37-мо место на листата на 141 држава најпогодни за водење бизнис.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември