15 Декември, 2025
0.0843

ВЛАСТА НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ: Ќе биде ли Македонија поатрактивна за нови странски инвестиции?

Објавено во: Економија 24 Мај, 2025 20:31

Добивај вести на Viber

Oд власта најавуваат инвестициски бум. 

ВМРО-ДПМНЕ информира дека со Договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство, на располагање на Македонија ќе стои најголема досега економска рамка во вредност од 6 милијарди евра. Од партијата посочуваат дека договорот овозможува реализација на стратешки инфраструктурни проекти, меѓу кои како еден од клучните го истакнуваат проектот за изградба на брза железница на Коридорот 10.

„Со договорот ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10. Еден од проектите за имплементација е изградба на брза железница на Коридорот 10, односно реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, се наведува во соопштението на партијата.

Велат дека ќе се олесни соработката со соседните земји и ќе се олесни учество на Македонија на регионалните пазари. Ќе се овозможи зголемување на обемот на трговијата и како што велат ќе има можност за потенцијално зголемување на извозот. Ќе се овозможи Македонија да стане поатрактивна дестинација за нови странски инвестиции. Земјава ќе има на располагање 6 милијарди евра, пари од Британија. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите