20 Декември, 2025
0.0558

Влатко Стефановски во друштво со елитата на британскиот и светскиот филм и театар

Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2017 11:52

Добивај вести на Viber

На 29 јануари оваа година, нашиот Влатко Стефановски ја имаше честа да настапи на хуманитарен концерт по повод 80-тиот роденден на големата британска актерка Ванеса Редгрејв (Vanessa Redgrave). 

Овој настап е на покана од нивниот долгогодишен заеднички пријател Раде Шербеџија. Оскаровката Ванеса Редгрејв е познат активист, хуманираец и пред се голем актер. Во својата долга театарска и филмска кариера има настапувано рамо до рамо со најголемите светски актерски имиња. Таа на својот роденден, во Ројал Корт театарот (Royal Court Theatre) на едно место ја собра британската уметничка елита а меѓу нив и Влатко Стефановски кој со својот настап заедно со Раде Шербеџија а потоа и со една соло изведба ги воодушевил присутните. 

- Ми беше големо задоволство и чест да настапам на хуманитарниот настан по повод 80 роденден на големата филмска дива Ванеса Редгрејв. На прославата се собра кремот на британскиот театар и филм, кој се натпреваруваше во оддавање почит кон нејзината уметничка и хуманитарна работа и кон нејзиниот опус и живот. Мојот настап и настапот со Раде Шербеџија беа наградени со стоечки овации. Гала во вистинска смисла на зборот, вели Стефановски. 

Честитки за нејзиниот роденден преку видео бим пристигнале од Мерил Стрип (Meryl Streep), Дастин Хофман (Dustin Hoffman), Анет Бенинг (Annette Bening) и многу други а меѓу присутните таа вечер биле и Франко Неро (Franco Nero), Лајам Нисон (Liam Neeson), Ралф Фајнс (Ralph Fiennes), Бенедикт Кумбербеч (Benedict Cumberbatch), Бјанка Џегер (Bianca Jagger) и многу други. 

Актерката Ванеса Редгрејв и покрај нејзината прифесија е позната по тоа што не сака многу да се експонира во јавност, но затоа како спомен од овој голем настан на Влатко Стефановски ќе му останат дружењето и фотографиите со многу познати личности. 

Му посакуваме на Влатко уште многу вакви настапи и дружби.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии