20 Декември, 2025
0.0475

„ВЛЕН НЕМА ДА ОСТАНЕ СО ДЕВЕТ ПРАТЕНИЦИ, НИТУ ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ СО ОНИЕ ШТО ГИ ИМА“: Меџити најави нов „трансфер“

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2025 07:45

Добивај вести на Viber

Нови преминувања кај албанските партии најавува еден од лидерите на Вреди - ВЛЕН, Изет Меџити. 

Некогашниот соопартииец на Ахмети, доцна синоќа во телевизиско гостување соопшти дека четворица пратеници од коалицијата Европскиот фронт, која ја предводат интегративците ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство.

- ВЛЕН нема да остане со девет пратеници, ниту Европскиот фронт со оние што ги има. Движењата започнаа и мислам дека во наредните денови, особено следната недела, ќе се види дека ситуацијата не е таква. Разговорите не се завршени, се наоѓаат во завршна фаза, но потврдувам дека има таков број што веќе го напуштија Фронтот и го поддржуваат мнозинството - рече Меџити, посочувајќи оти станува збор за четворица пратници од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Тој кажа и дека сите ресори во Владата што ги водеше крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ќе останат на ВЛЕН.

- Она што е власт и што му припаѓа на ВЛЕН, останува на ВЛЕН. Сега кој ќе биде дел од ВЛЕН во иднина – поединци, други субјекти – тоа е прашање кое го дискутираме и дебатираме, но со оваа власт управува ВЛЕН. Сè додека не одлучиме за други околности за размена на ресори, но засега оваа тема е затворена - објасни Меџити.

Според него, мнозинството од АА не се согласува со заминувањето на Таравари од Владата. За вицепремиерот задолжен за политики за добро управување, Арбен Фетаи, кој сè уште не одлучил дали ќе остане во Владата, Меџити рече дека е во комуникација со него.

- Мислам дека во овој период добро работеше како вицепремиер за добро владеење. Заедно придонесовме во важни прашања, етнички, и мислам дека е потребен на Владата. Се надевам дека ќе остане - нагласи Меџити.

На локалните избори, тој најави дека покрај партиските, ќе поддржат и независни кандидати.

- Она што ќе биде добра вест за овие избори е дека ВЛЕН ќе излезе од партиските бои, ќе излезе и надвор од ВЛЕН. Ако кандидатурите се подобри во некоја општина, ќе ги поддржиме независните кандидати во големите урбани општини, а една од нив ќе биде и Гостивар - рече Изет Меџити.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки