Влијателен грчки опозиционер не може да се помири само со промена на името
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2018 12:58
Грчката Влада прифаќа македонски јазик и македонска националност, а тоа воопшто не е сложено име, вели потпретседателот на опозициската Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај.
Хаѕидакис ги повтори позициите на неговата партија, дека е потребно „справување со иредентизмот во Скопје, уставна ревизија и да има комплетно и конечно решение“.
„Се согласуваат да постои македонски јазик и да постои македонска националност. Што значи, овде воопшто не ни постои сложено име. Постои само Македонија за јазикот и за националноста. Според тоа, за името, за кое што разговараме постојано, дури и Централна Балканска Република да се викаат, од моментот кога долу пишува македонски јазик и македонски националност, што разговараме понатаму?“, вели Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




