07 Април, 2025
0.0316

ВЉУБЕНИ ВО МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА И ТРАДИЦИОНАЛНАТА ТРПЕЗА: Кинески студенти го изучуваат македонскиот јазик на Универзитетот за странски студии – Пекинг

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2024 14:03

Добивај вести на Viber

Меѓу 101 странски јазик, вклучувајќи ги рускиот, англискиот, францускиот, германскиот, шпанскиот, полскиот, јапонскиот, арапскиот, камбоџанскиот, лао, шведскиот, португалскиот, албанскиот, италијанскиот, хрватскиот, словенечкиот, грчкиот, српскиот...на престижниот Универзитет за странски студии – Пекинг, се изучува и македонскиот јазик.

„Лулка на дипломатијата“ како што се нарекува оваа значајна високо образовна институција, каде всушност, се изучуваат сите официјални јазици со кои Република Кина има дипломатски односи, секако, во насока за подобро да им служи на кинеските дипломатски напори, датира од почетокот на Втората Светска Војна од 1941 година, кога била основана група за учење руски јазик на Воено-политичкиот универзитет што и пркоси на јапонската окупација. По основањето на Народна Република Кина, школата била под управа на Министерството за надворешни работи сè до 1980 година, кога Институтот е директно управуван од Министерството за економија. Во 1994 година, го доби своето сегашно име, Универзитет за странски студии – Пекинг, кој денес нуди најголем број и европски јазици, дури 25, повеќе од кој било кинески универзитет, а студентите можат да изберат да учат англиски како втор јазик, но можат да учат и трет или четврти јазик.

„Лулка на демократијата“ - дом на повеќе од 9.500 студенти

За време на повеќемесечниот престој во Кина имавме шанса одблиску да ги видиме можностите и импресивната работа на Универзитетот, каде студираат повеќе од 9.500 млади луѓе, Кинези, како и повеќе од 1.200 интернационални студенти.

Идните академски граѓани учат од врвни професори од Кина, нив ги има околу 1.300, како и 200 странски професори од 60-тина земји. Меѓу нив е и младата лекторка од Македонија, Рената Пенчова која е воодушевена од интересот за узучување на македонскиот јазик од страна на младите Кинези.  

- Македонскиот е 101. Јазик во групата на странски јазици на Универзитетот за странски студии - Пекинг. Катедрата по македонски јазик е отворена практично годинава со заемна соработка помеѓу УКИМ и Универзитетот за странски студии во Пекинг. Меморандумот за соработка помеѓу двете високообразовни институции беше потпишан лани во декември со цел продолжување на културната размена на академски искуства, знаења и студенти. Двата универзитети сега работат на полето на науката, во заеднички интерес за промоција на македонскиот јазик, литература и култура. Воодушевува фактот што кај студентите постои навистина голем интерес да го изучуваат нашиот јазик и нашата култура, а освен тоа, тие се многу активни и во настаните кои ги организираме од Катедрата. Еден од нив беше и настанот во македонската амбасада во Пекинг по повод големиот празник посветен на словенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј. , Потоа следуваа и предавања на Универзитетот за економија и право – Жонгнан во Вухан. 

Всушност таму имавме панел дискусија на тема кинеско-македонско пријателство, каде навистина имаше голем интерес. По повод значењето на кирилметодиевото дело и Денот на озаконувањето на македонскиот правопис, 7. јуни, се реализираа предавањата: „Значењто на македонскиот јазик и култура во зајакнувањето на кинеско-македонското пријателство“ и „Делото на сесловенските просветители“. Предавањата ги одржав јас, како и раководителката на Катедрата за македонски јазик, Цјао Чен, а поканата пристигна од професорката Фросина Витковска која работи на Универзитетот Жонгнан. Ценам дека изучувањето на македонската култура од страна на кинеските студенти е исклучително важна за уште посилно продлабочување на кинеско-македонското пријателство. Развојот на македонистиката во Кина ќе придонесе успешна соработка меѓу двете земји. Проектите поврзани со македонистиката во Кина се силно поддржани и од нашата амбасада во Пекинг, односно од амбасадорот Сашко Насев, вели во нашиот разговор Пенчова.

Таа посочува дека предметот е изборен и може да го избираат студенти од сите катедри, дури имаме имаат студент кој не студира на Универзитетот за странски студии – Пекинг, а сепак избрал да го изучува македонскиот јазик.

Сакаат да дојдат во Македонија, да ја истражуваат културата и да уживаат во традиционалната трпеза

Љубопитноста е „виновна“ за младите Кинези да изберат да го изучуваат македонскиот јазик, а со тоа да навлезат и во откривањето на богатата македонска културна ризница. Воодушевени се од нашата традиционална трпеза, па дел од нив со кои разговаравме планираат да ја посетат нашата земја, да го видат Охрид и „да направат проверка“ колку го знаат македонскиот јазик.

-Љубопитноста ме натера да почнам да го учам македонскиот јазик. Мора да признаам дека не знаев многу за Македонија пред да ги земам часовите на Катедрата по македонски јазик на Универзитетот за странски студии – Пекинг. Но, нема да застанм тука, мојата љубопитност сега е уште поголема, па сакам да ја истражувам и македонската култура. Неверојатно е чувството кога прв пат се сретнувате со нешто сосема ново и непознато, сосема различно од своето, вели  Бахатихан Вулипан, која освен тоа што зборува македонски, зборува уште и англиски и казакстански.

Џанг Синсин, која инаку зборува и англиски и француски јазик, и покрај тоа што не студира на Универзитетот за странски студии – Пекинг, сепак зема часови и по македонски јазик на нашата Катедра, а вели дека се одлучила на ваков чекор исто така од љубопитност.

-Јас не сум студентка на БФСУ, но училиштето ми предложи за можноста да го изучувам овој јазик и јас се запишав од љубопитност. Претходно не знаев многу за македонската култура, но како минува времето се подлабоко навлегувам во оваа сфера. Различно, возбудливо, интересно, со овие зборови можам да го опишам сето она што досега го совладав од предавањата од страна на моите професорки. На часовите не само што го учиме за македонскиот јазик, туку добиваме сознанија и за богатата македонска култура. Главно тоа го правиме преку видео материјалите, но се надевам дека скоро ќе допатувам во вашата земја, па моите впечатоци ќе бидат уште подлабоки. И тука имам пробано македонска традиционална храна, но верувам дека македонската трпеза ќе ја искусам и во некои од убавите македонски градови кои засега ги гледаме за време на предавањата, вели младата студентка Синсин.

Импресивни бројки, досега Универзитетот „произведе“ повеќе од 400 кинески амбасадори и повеќе од 2.000 советници

Инаку, библиотеката на Универзитетот за странски студии – Пекинг брои околу 1,53 милиони тома книги, повеќе од 2,16 милиони е-книги, 1.123 периодични изданија и 102 бази на податоци на кинески и странски јазици. Во последниве години, библиотеката дополнително ги прошири своите збирки во областите на политиката, правото, дипломатијата, економијата, новинарството и менаџментот. Има изградено интелигентни училници како дел од добра средина за учење, постигнувајќи извонредни резултати. Во своето повеќедецениско постоење има потпишано договори за размена и соработка со 324 универзитети и академски институции од 81 земја и региони. 

Водени од мотото „Учи со отворен ум, служи на големата кауза“, престижната високообразовна институција во Пекинг обучи значителен број на професионалци со силна јазична компетентност кои продолжија да работат во и надвор од Кина како дипломати, преведувачи, едукатори, претприемачи, новинари, адвокати и банкари, меѓу другите занимања. Во заедницата на алумни на БФСУ, над 400 работеле како амбасадори, а над 2.000 како советници.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

СНЕЖНА ИДИЛА НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - еве како беше по обилните врнежи (ВИДЕО)

СНЕЖНА ИДИЛА НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - еве како беше по обилните врнежи (ВИДЕО)

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА: ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово, владиното мнозинство е стабилно

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА: ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово, владиното мнозинство е стабилно

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела

Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема

ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта