САШКО ЈАНЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ПРЕЗИДИУМОТ НА ЛЕВИЦА - партијата ќе се фокусира на претстојните локални избори

Објавено во: Македонија 07 Април, 2025 08:18
Левица, како што информираа од партијата, ја одржала 28-та редовна сесија на Централниот комитет, и на неа биле донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025. Сесијата почнала со едноминутен молк за жртвите во трагедијата во Кочани.
На сесијата на ЦК едногласно бил верификуван актуелниот пратеник м-р Сашко Јанчев како нов член на Президиумот на Левица. Во своето обраќање, Јанчев истакнал дека народот е алергичен на корумпираните политички елити кои со децении ја злоупотребуваат државата за лични криминални интереси.
„Властите пробаа сѐ за да ја подјармат Левица - со притисоци, спинови и пари, но не успеаја! Токму тоа, нивниот неуспех да ја направат Левица како нив, е она што најмногу ги плаши“, рече тој.
Централниот комитет усвоил политичка рамка за дејствување во наредниот период, со фокус на есенските Локални избори, како фронт за жестока пресметка со режимскиот апарат.
„Во услови на постојана репресија, изборен инженеринг и клиентелистички октопод кој го гуши секој обид за народна еманципација - Левица ќе настапи бескомпромисно, чесно и организирано, како глас на обесправените и бастион на некорумпираноста. Времето на калкуланти, опуртинисти, предавници и квазиопозиционери заврши. Борбата продолжува - на улиците, во институциите и на изборните полиња. Со народот, за народот!“, се вели во објавата од партијата.
Можеби ќе ве интересира
„НЕ ВИДОВ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ВАЊА“: Александар со детали за потрагата и за имотот кој требало да им го препише на девојчињата

Затворена спортска сала во Струга поради небезбедност

ДИСКА, НОЌНИ КЛУБОВИ, КАБАРЕА, ГОСТИЛНИЦИ, РЕСТОРАНИ, КАФЕ БАРОВИ - за три недели заработиле казни од 530 илјади евра

Се подготвува интерпелација за Тошковски поради селективна истрага

ДЕРАТИЗАЦИЈА МУ Е МАЈКАТА: Глувци во училиште во Бутел, министерката им го кажа решението на проблемот

МВР упадна и заплени канабис во фабрика во Гостивар

„САКАВ ДЕЦАТА ДА СЕ ОБЛЕЧАТ ТОПЛО БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН БЕШЕ НАЈАВУВАН КАКО НАЈСТУДЕН“ - Таткото на Вања: Сакав да ги носам со кола, ама Зорица ми велеше да не ги галиме

Алијанса за Албанците на Таравари го исклучи Мухсин Арифи од партијата

ДУИ за „меморандумот“ на Тошковски и Коцевски: Иронија и заробена држава
