ВЛОЖУВАЈТЕ ВО ЗЛАТО: Цената допрва ќе расте
Објавено во: Економија, Корона Вирус 03 Август, 2020
Не купувајте долари, туку вложувајте во злато.
Оваа инвестиција ќе ви се исплати во месеците кои следат.
Цената на скапоцениот метал ќе урива рекорди до крајот на 2020 година.
Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато. Oвој коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, Голдман Сакс, пишува Блумберг.
Доларот на крајот на јули, падна на двегодишен минимум во однос на еврото. Трендот се засили кога Европската унија најави план за опоравување на економијата во вредност од 750 милијарди евра.
Пандемијата влијаеше да скокне цената на златото.
Цената на златото на светската берза надмина рекордна вредност од 2.000 долари за унца.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.