20 Декември, 2025
0.0452

ВМРО-ДПМНЕ го пушта низ вода Владимир Атанасовски

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2018 11:23

Добивај вести на Viber

Ниту синоќа ниту денес претпладне нема реакција од ВМРО-ДПМНЕ за доделениот 30-дневен притвор за екс-началникот на УБК, Владимир Атанасовски, кој беше наследник на Сашо Мијалков откако овој си поднесе оставка по пресметките во кумановско Диво Насеље во 2015-та.

Од ВМРО-ДПМНЕ за денеска најавија уште еден анти-владин протест, а лидерот Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека причина за тоа е загадениот воздух и се што е „поврзано со промената на името и Уставот, одземањето на достоинството, упропастената економија, сиромаштијата, зголемувањето на даноците, неспособноста, криминалот и корупцијата и црнилата“.

Притворот беше одреден доцна синоќа од судија на претходна постапка по барање на Обвинителството. Мерката беше побарана откако тројца обвинети за упадот во Собранието на 27-ми април 2017 година сведочеа за инволвираност на Атаносовски заедно со други вработени во УБК во организирањето на упадот во Собранието. 

Обвинителката Вилма Русковска побара притвор за него по сите три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото, но и најави проширување на истрагата. Адвокатот на Атаносовски смета дека Обвинителството не треба да им верува на луѓе на кои им се заканува доживотен затвор, но и дека треба да понуди конкретни докази и факти врз основа на кои околности ја докажува намерата за бегство или опасноста да се повтори делото, со оглед дека Атанасовски веќе едена и пол година не е директор на УБК.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки