ВМРО -ДПМНЕ бара кризна состојба за Куманово и Прилеп
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Април, 2020 17:55
ВМРО - ДПМНЕ смета дека единствен начин да се справиме со пандемијата во Прилеп и Куманово е да се прогласи кризна состојба во тие два града.
Велат дека не смее да се дозволи да ескалира состојбата, затоа што здравствениот систем тоа нема да го издржи.
Во текот на денот Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук праша дали цела општинска администрација ќе треба да оди во изолација откако се дозна дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен на Ковид 19.
„Дали сега вашиот ПР ви се удри од глава? За жал поради вас сега ќе пати државата и граѓаните, но вие само сакате да заработите политички поени од целата ситуација и ништо друго. Болницата и персоналот се на колена, секој ден по некој новозаболен, а сега и претседателот на кризниот штаб и еден од најповиканите за целата состојба, градоначалникот на Куманово, ќе биде елиминиран од целиот процес бидејќи треба да се лекува“, пишува тој.
Кумановскиот градоначалник се чувствува добро.Во Македонија веќе е надмината бројката од 1.000 позитивни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





