19 Јануари, 2025
0.0431

ВМРО – ДПМНЕ ЗА МВР: Полицијата ќе купува дронови и опрема за снимање!

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

За проектот “Национален проект за консолидација на  системот за националнa безбедност и разузнавање“, Вмро-Дпмне планира да потроши 100 000 евра. Во изборната прграма “Релано, работа, сигурност, напредок“ партијата најавува дека Министерството за внатрешни работи ќе купува дронови за снимање но и опрема за видео и аудио снимање за секој полициски службеник распределен во сообраќајна

полиција. Еден дел од прграмата на партијата е посветен на внатрешната и надворешната безбедност, за дел од проектите с енаведени партите потребни за реализација.

Во полициските коли – опрема за снимање...

За скоро 122 000 евра, Министерството за внатрешни работи ќе набави дрнови со кои ќе се снимаат сообраќајни незгоди, полициски акции, терористички напади. Ова е наведено во изборната програма на Вмро – Дпмне, како дел од новите проекти што се нудат за МВР.

Министерството за внатрешни работи ќе набави дронови кои ќе се користат при редовно извршување на полициските работи. Овие дронови ќе придонесат за поголема ефикасност, ефективност и експедитивност при извршување на службените задачи, како на пример, сообраќајни незгоди, полициски акции, терористички напади и граничен надзор. Потребен буџет : 121 952 евра“, се наведува во програмата “Реално“

Освен набавка на дронови, Вмро-Дпмне доколку победи на предвремените парламентарни избори најавува и набавка на  опрема за видео и аудио снимање за секој полициски службеник распределен во сообраќајна полиција.

“Со цел да се овозможи поголема безбедност на полициските службеници при вршењето на полициските работи, а и во насока на спречување на можноста за потенцијални злоупотреби (примање поткуп, подароци и сл.), ќе се обезбеди опрема за видео и аудио снимање за секој полициски службеник распределен во сообраќајна полиција. Со помош на оваа опрема, ќе се овозможи снимање на целата постапка при запирање на возило и легитимирање на учесници во сообраќајот од страна на полициските службеници распоредени во сообраќајната полиција. За оваа намена ќе се потрошат 42 000 000 денари ( 682 926 евра)“, се посочува во програмата на Вмро-Дпмне. 

Во план е и набавка на камери за видеонадзор на автопатиштата и за радарска контрола, па така во програмата се наведува:

“Во соработка со Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, ќе се постават видеокамери со вграден радар на сите автопатишта на територијата на Република Македонија. Овие камери

ќе го регистрираат секое надминување на дозволената брзина на одредена точка на автопатот, а сликата од возилото како и неговата моментална пречекорена брзина ќе биде испратена на несовесниот возач на неговата домашна адреса, заедно со изречената санкција. Овој Проект има за цел да помогне во намалувањето на со-

обраќајните незгоди кои се случуваат на автопатиштата како и намалување на бројот на жртвите во тие незгоди. Буџет: ќе се обезбедат средства во соработка со Министерство за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта“

Борба против корупција ...

Довербата во полицијата расте а се подобрува и перцепцијата за борбата против корупцијата – наведува Вмро-Дпмне во партсиката програма наменета за предвремените парламентрани избори. 

“Значително ја променивме и перцепцијата за борбата против корупцијата и според извештајот на „Transparency International“ за индексот на перцепција на корупцијата, од 105-то место во 2006 година, во 2014 година Република Македонија се најде на 64-то место“, се вели во изборната платформа “Реално“.

Така, се планира 40 000 евра за проектот “Стратегија за превенција од и борба против корупцијата“.

“Перцепцијата и јавното мислење ќе бидат истражувани и јавно објавувани секоја година, а резултатите ќе претставуваат основа за градење на стратегии и политики во работењето, како и дефинирање на приоритетите за работа на полицијата. Во рамките на овој проект ќе развиеме ефективни партнерства со граѓаните, невладиниот сектор, академската заедница и останатите државни субјекти.

окрај работењето на поединечни коруптивни случаи, полицијата ќе разработи методологија со која секоја година ќе ја истражува перцепцијата за корупцијата во приватниот и јавниот сектор, со цел елиминирање на нелојалната конкуренција и создавање на амбиент за еднакви можности за сите правни субјекти. Ќе се дефини-

раат стандарди преку кои ќе може да се процени ефикасноста и ефективноста на политиките во борбата против корупцијата и во тој контекст перцепцијата на приватниот сектор“, се наведува во програмата.

Вмро-Дпмне најавува и формирање на Национален координативен центар поврзан со зајакнување на капацитетите за националната безбедност за што е планирано да се потрошат 107 000 евра.

“Со цел да се воспостави институционален облик на координација во планирањето и изведувањето на заеднички оперативни активности помеѓу различните субјекти вклучени во борбата против организираниот криминал и тероризмот со соодветно информатичко-техничко поврзување, ќе се формираат Национален координативен

центар и Регионални координативни центри на ниво на секторите за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи. Националниот координативен центар и Регионалните центри ќе ги користат постоечките ресурси на организаци-

ските единици на службите кои спроведуваат закон во Република Македонија. Преку функционирањето на истите ќе се зајакне соработката и координацијата во размената на информациите при справувањето со сериозниот и организираниот криминал помеѓу службите на национално ниво“, е напишано во партсиката програма на Вмро-Дпмне.

Токму Министерството за внатрешни работи беше во фокусот на објавените прислушувани материјали. Имено, според СДСМ, државните институции биле злоупотребувани за партиски цели. Така, во една од објавнените политички бомби, според СДСМ, тогашната  министерката Јанкуловска во разговор со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и со друг соговорник зборува:

“На работа сме си сите ние, кај нас штаб имаме. Мислам, имаме два штаба, еден штаб кај мене на спрат, кој е месен комитет на ВМРО, кол-центар, све има кај нас, а другиот ни е доле у сала кај шо доаѓаат амбасадориве, ОБСЕ, овој-оној, и ја повремено таму улетувам, да видат амбасадориве дека све е океј, и после си се качувам кај мене на спрат и си работиме партиски работи. Така сме ние организирани. Ако сакаш дојди ни у контрола да видиш како работи кол-центарот...“, му вели Јанкуловска на Божиновски и додава: „Ние во МВР, во ВМРО-МВРО...

Гордана Јанкуловска, по девет години раководење со овој ресор,  во мај 2015 даде  оставка а сега е дел од процеси што ги покрена Специјалното јавно обвинителство.

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите