ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараат да се расправа за снимката на Џафери
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2022 15:08
Се бара одговорност од спикерот Талат Џафери за снимката на која навредува и пцуе.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе писмено барање за свикување седница на Комисијата за деловнички прашања, на која би се расправало за прекршување на Етичкиот кодекс.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Џафери го прекршил Етичкиот кодекс, вршејќи мобинг над вработените и доколку Комисијата тоа го утврди, Џафери може да се соочи со јавна опомена, суспензија од учество во работно дело или еден месец забрана за претседавање со работно тело. Досега ниту Џафери, ниту неговиот Кабинет се немаат произнесено за снимката.
Политичката партија Левица, до надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, поднесе Претставка со барање за поведување на постапка за утврдување на тешка повреда на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, против Претседател на Собранието, Талат Џафери.
„Најостро го осудуваме ваквото скандалозно однесување и доколку собраниската комисија утврди сторена тешка повреда од страна на спикерот Џафери, бараме да му биде изречена јавна опомена, по која собранискиот спикер нема да има морален кредибилитет да остане и да ја извршува позицијата – Претседател на Собранието на Република Македонија", велат од Левица.
Наведуваат дека ваквото однесување, насочено директно кон нарушување на угледот и достоинството на собраниската служба, не доликува на лице кое ја извршува функцијата Претседател на Собранието
Можеби ќе ве интересира
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција




