20 Декември, 2025
0.0745

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе ги кршат копјата за претседател на Комисијата за избори и именување

Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 11:34

Добивај вести на Viber

Нова средба на партиите денеска по повод координациите во Собрание.

Парламентарните партии го решија прашањето со членовите на Комисијата за избори и именување, но сега ќе се кршат копјата за претседателот на ова собраниско тело.

Од владеачката ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што добија најмногу, или шест члена во комисијата, сега бараат и нивен пратеник да застане на претседателската функција .

СДСМ има 5, а ДУИ и БЕСА останаа со по еден член во Комисијата за избори и именување.

Од партијата на Никола Груевски велат дека досега немало ситуација во која претседател на ова собраниско тело бил некој од втората, третата или четвртата партија.

Илија Димовски вели дека тоа била најважната комисија за работата на Собранието.

Според СДСМ пак овој став на владеачката партија е показател дека ВМРО ДПМНЕ не се откажува од узурпација на  институциите на системот и сакаат да ја опструираат работата на Собранието.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да се вразуми и да сфати дека претседател на Комисијата не може да биде пратеник од партија која го нема мнозинството во Собранието“, тврдат пак од партијата на Заев.

Првиот човек на Комсијата ќе треба да предложи претседател на новото Собрание, а екс спикерот Трајко Вељаноски ќе има задача да закаже продолжување на конститутивната седница.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки