19 Декември, 2025
0.0512

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ „пата пата“ - Најнова анкета на Рејтинг

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2016 22:30

Добивај вести на Viber

Во последното истражување на расположението на гласачите изработено од агенцијата „Рејтинг“ двете главни политички партии и нивните коалиции на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се „пата пата“, односно се речиси изедначени со разлика од само 1,4 проценти во корист на владејачката.


ВМРО-ДПМНЕ има 29,9%, СДСМ 28,5%, ДУИ 6,8%, ВМРО за Македонија 3,3%, Беса 3,2%, ДПА 2,8%, Кoалиција Алијанса за Албанците 2,7%, Левица 1%, Либерална партија 0,9%, Коалиција за промени и правда 0,2% од гласовите.

Анкетата е теренска, и на репрезентативен примерок од 1200 испитаници, или по 200 испитаници на секоја изборна единица. Според испитувањето, 55,2 проценти ја поддржуваат работата на СЈО, додека процентот на тие што не ја поддржуваат е 33,1%.

На прашањето кој прислушувал, 48,7% одговориле дека тоа го правеле домашни служби за потребите на власта, а 27,1 дека го правеле странски служби.

Невработеноста, ниските плати, коруцијата и криминал се најгорливи проблеми за граѓаните според истражувањето. Проблем според граѓаните е и иселувањето поради лошите услови во Македонија. Само два проценти од граѓаните сметаат дека спорот за името со Грција е најважниот проблем во земјава. На прашањето која партија би го решила проблемот, за ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле 33,9 %, за СДСМ 31,5% а за ВМРО за Македонија 4,3%. 

Федерализацијата не е проблем за која граѓаните реагираат, наметната како главна тема на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата е направена во периодот од 24 ноември до 30 ноември за потребите на телевизија 24 вести.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки