ВМРО-ДПМНЕ ќе ги „десоросоизира“ и медиумите во Македонија
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2017 10:55
Како што можеше да се очекува по нападот врз невладините организации кои наводно се финансирани и работат во интересите на Џорџ Сорос, сега ВМРО-ДПМНЕ побара и десорозоизација на македонските медиуми кои се критични кон оваа партија и начинот на кој владеат со Македонија.
- СДСМ/Сорос дејствуваат со ултиматум кон медиумите: или ќе бидете со нас или ќе дадеме се од себе за да ве снема од мапата. СДСМ и Сорос активно се борат против секоја мисла различна од нивната. Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Соросовиот новинарски синдикат, стои во соопштението, призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори кои му биле дадени, а згора на тоа најавувал и заплашувал со нарачаните папки што ги имал за Катица Јанева.
- Ниту МВР под контрола на СДСМ ниту ЗНМ и ССНМ не реагираа со осуда на макар еден случај кога активисти на СДСМ/Сорос се закануваа по живот и напаѓаа новинари кои се неподобни според Заев. Ваков третман имаа Радио слободна Македонија, МТВ, Курир, Сител и низа други. Овој однос е срамен и под секое ниво. Токму затоа процесот на десоросоизација на македонските медиуми е и повеќе од неопходен, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




