ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги контролираме директорите на ДУИ што ги постави Данела Арсовска
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2022 13:57
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, на денешниот брифинг како одговор на новинарско прашање рече дека неговата партија во иднина ќе ја контролира работата на двајцата функционери од ДУИ кои градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера ги постави како директори на две скопски претпријатија.
- Станува збор за кадровска политика на Арсовска и ние не се мешаме во тој избор. Ние немаме ништо против доколку тие го спроведуваат концептот „За модерно Скопје“ и работат позитивно. Она што е важно е дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во управните и надзорните одбори на тие јавни претпријатија и така можеме да го контролираме нивното работење. Ќе ги следиме внимателно сите нивни чекори, рече Мицкоски без да прецизира која е политичката позадина.
Синот на поранешниот реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи и Саид Саид се меѓу новите в.д. директори на Јавни претпријатија во Скопје што попладнево ги објави Град Скопје, а ги назначи градоначалничката Данела Арсовска по повлекувањето на директорите од ВМРО-ДПМНЕ.
Зухејр Реџепи, синот на поранешниот Реис ќе биде директор на ЈП Паркови и зеленила, а Саид ќе биде директор на ЈП Улици и патишта. Реџепи е дел од огранокот на ДУИ во Сарај, додека Саид од огранокот на ДУИ во Чаир, односно важат за блиски до Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од таканаречената „Огнена група“ која деновиве јавно се спротивстави против политиките на лидерот, Али Ахмети и Артан Груби.
Реџепи и Саид се поставени на местото на Ангеле Сотировски и Борис Настов, функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои си дадоа неотповикливи оставки откако најголемата опозициска партија ја прекина соработката со Арсовска во текот на месецов.А.К.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




