20 Декември, 2025
0.0691

ВМРО-ДПМНЕ ќе го обжали пред Управен суд единствениот прифатен приговор од ДИК

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016 15:20

Добивај вести на Viber

По три дена на активни протести и вршење притисок врз ДИК со одбиени 13 приговори на опозицијата и само еден прифатен за гласачко место во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од својата намера да нема прегласување и затоа оваа одлука ќе ја обжали пред Управниот суд.

- Доколку Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување, изјави денеска Груевски.

Станува збор за приговорот на БЕСА за гласачката Фатиме Сулејмани при што со графолошко вештачење беше утврдено дека таа не се потпишала на избирачкиот список со сомнежи дека некој друг гласал наместо неа. Сите останати приговори на СДСМ и БЕСА беа отфрлени.

Инаку, со оглед на тесната разлика во бројот на гласови, со прегласување во гласачкото место  0396/1 во Гостивар може да дојде до промена во бројот на мандати во шестата изборна единица во корист на СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ДИК не смеала да ангажира графолог и како што рекоа, оваа одлука била скандалозна.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки