ВМРО-ДПМНЕ на критиките на Шахпаска одговори со сите проекти во здравството
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017 19:00
ВМРО-ДПМНЕ на критиките на Јагода Шахпаска за состојбите во здравството одговори со потстување на сите проекти кои се реализирани во изминатите години за разлика од времето кога СДСМ раководеше со овој сектор и го остави во многу лоша состојба.
- СДСМ продолжува со својата тактика да ја дефокусира јавноста со секакви теми, само и само да не се зборува за Тиранската Платформа кои тие очигледно ја имаат прифатено во целост.
СДСМ беа поразени на изборите, исто како и проектите содржани во неа и сега единствено што им преостанува е да ја дебатираат Тиранската Платформа.
Затоа денес Јагода Шахпаска по директна насока на аболицираниот криминалец Зоран Заев ги прераскажуваше лагите кои ги кажуваа во време на изборната кампања. До утре да зборува Шахпаска нема да може да ја излаже јавноста, а уште помалку да ја дефокусира.
Впрочем СДСМ вакви слични лаги за здравствениот систем во државата кажуваше и во 2002 година. Тогаш ветуваа дека после 15-ти септември ќе нема човек кој нема да може да си го плати своето лекување, за после изборите истите тие квази здравствени експерти во СДСМ да го доведат здравството до колапс.
Граѓаните многу добро ја паметат здравствената политика на СДСМ во минатото. Тогаш ниту се реновираа болници, а не пак да се градеа нови. Тогаш лековите беа екстремно скапи, но уште полошо имаше хроничен недостаток уште во првите денови од месецот. Во време на СДСМ се богатеа веледрогерии блиски до партијата додека граѓаните беа принудени да плаќаат екстремно скапи здравствени услуги. Во време на СДСМ не се набавуваа ниту основни медицински средства за работа, а не пак да набавуваа современа здравствена медицинска опрема. Во време на СДСМ се правеа бизниси со стентови додека оние кои немаа пари да платат беа осудени на смрт.
Впрочем здравството во време на СДСМ најдобро го отсликува скандалот со нивниот министер Владо Димов, кој парите на граѓаните ги трошеше за да купува бисери и накит за своите колешки министерки од СДСМ.
Граѓаните паметат и лесно може да направат разлика помеѓу инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството и катастрофата која СДСМ ја предизвика, стои во реакцијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




