07 Октомври, 2024
0.0275

ВМРО-ДПМНЕ обвини: СДСМ директно удри по џебот на граѓаните

Објавено во: Македонија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  во новото соопштение до јавноста обвинува дека СДСМ директно удри по џебот на граѓаните.

„Дополнително осиромашување ќе предизвика најновата погубна политика на власта, односно воведувањето на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18%“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија истакнуваат дека покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите професионалци од секторите како ИТ технологиите, здравствената заштита и слично, кои ќе добијат мотив плус за да ја напуштат Република Македонија и да ја преместат својата дејност во држави со поповолна даночна политика.

„Невработеноста дополнително ќе се зголеми, но ќе се зголеми и даночната евазија каде голем број субјекти, наместо пријавување на своите приходи ќе се префрлат на полето на сивата економија. Се поголем е бројот на разочарани кои не гледаат никаков просперитет. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев го задолжија секое семејство во Република Македонија со нови 1.200 евра, а граѓаните не видоа никакво фајде од милионите кои си ги подигна СДСМ на грбот на државата. Тоа е резултат на фактот дека Македонија е единствена земја во Европа што ја води премиер обвинет за корупција за кого јавно во суд се даваат искази како барал мито од едно евро за него, евро за партијата и евро за црквата од метар квадратен“,стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека ваквата катастрофа власта ја покрива со нарачан политички прогон врз секој што мисли поинаку. Затоа патриоти и докажани професионалци од МВР беа вратени во притвор за 24 часа откако беа ослободени. Срамот на Заев и СДСМ го покрива политичкото обвинителство и судот.

„Нечовечки е без никаква основа професионалците и патриотите да бидат фрлени во притвор само за да се задоволат нечии желби. Срамно е нивните семејства да се трауматизираат само за да се задоволи нечија желба за одмазда. Недолично е да се игнорира одлуката на Врховниот суд и следниот ден да се постапи спротивно на неа. Судот мора да се ослободи од притисокот и да ги уважи жалбите на притворените. Македонија не смее да биде заробена држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил