ВМРО-ДПМНЕ: Патриоти во притвор, а се ослободуваат докажани криминалци
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2018 11:03
ВМРО-ДПМНЕ го осуди новиот закон за амнестија со кој според нив се ослободуваат докажани криминалци додека во притворските одделенија лежат како што велат патриотите за кои нема правда.
„Јавното обвинителство втор месец не презема никакви дејствија во истрагата што се води по политички монтираниот случај за тероризам. Ниту се повикуваат и сослушуваат сведоци, ниту се повикуваат и сослушуваат политички притворените патриоти.
Тоа е најдобра потврда дека не станува збор за притвор изречен заради некои правно издржани причини, туку неоснована и политичка казна за изживување со луѓе кои мислат поинаку.
Додека десетина патриоти се наоѓаат во притвор како резултат на монтиран прогон, власта од затвор ослободува осудени криминалци.
Антидржавната Влада на СДСМ вчера во Собранието на Република Македонија го изгласа законот за амнестија кој е уште една од низата на катастрофални политики и потврдува дека за Заев е поважно да ги подмири долговите од предизборната коалиција со криминалот, отколку на граѓаните да им гарантира безбедност преку санкционирање на непочитувањето на законите.
Зоран Заев и СДСМ од затвор пуштаат докажани криминалци обвинети за дистрибуција и продажба на дрога, мачење, тешки кражби, луѓе кои се занимаваат со рекет, изнуда, проституција и други тешки кривични дела.
Праксата што ја почна власта во предизборието со ослободување криминалци од типот на Барјуш Сејдиу и Агим Красниќи кулминира со ослободување на нови 670 осуденици. Тоа е коалицијата на СДСМ со криминалот на која што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период.
Овој закон беше донесен на дрзок и шверцерски начин без присуство на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Додека Заев враќа долгови со ослободување на осудени криминалци, Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети кои единствен грев им беше тоа што ја сакаат државата се товарат за тероризам.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш се залагала за правда и правна држава, но очигледно е дека по доаѓањето на власт на СДСМ, такво нешто веќе не постои.
Законите мора да биде исти за сите. Селективноста и неправдата одат на штета на државата, граѓаните и евроатлански пат. Државата мора да биде еднаква кон сите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




