ВМРО-ДПМНЕ: Растат долговите, а економијата тоне под власт на СДСМ
Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 13:30
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ржавата тоне на економски план, а граѓаните живеат се полошо. Показател за тоа е податокот дека и даноците собрани во првиот квартал годинава се за 7% помали од планираните и 2,69 % помалку од истиот период лани. Капиталните расходи во првите два месеца се околу 16 милиони евра, за разлика од истиот период лани кога изнесувале 46 милиони евра, велат од опозициската партија.
Според нив во февруари годинава се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51,2 проценти помалку во однос на истиот месец од 2017 година. Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 2.319.609.000 денари, што е за 63,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
„Во првиот квартал ЕЛЕМ произвел 10% помалку електрична енергија. Во година со релативно блага зима се поплави Охридско Езеро, Шпиље останува празно, а Глобочица се прелева.
Долгот во државни хартии од вредност од август лани до март оваа година се заголеми за 50,67 милијарди денари, а во истиот период вратени се само 38,55 милијарди денари. Бројките говорат дека нето задолжувањето за 8 месеци е 12,12 милијарди денари, односно 200 милиони евра.
Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев продолжува да ја пустоши Република Македонија. СДСМ и Зоран Заев ја носат државата кон економски колапс. Немаат ниту план, ниту визија за Република Македонија.
Растот на БДП во 2017 година е 0%, а економијата секаде во регионот и во Европа оди нагоре. 300 милиони евра, дел од парите со кои СДСМ ги задолжи граѓаните од почетокот на годината до денес, седат во Народната банка на Република Македонија како депозит со 0% камата. Во исто време државата плаќа камата за истите средства кон кредиторите од кои ги позајмиле. Оваа безидејност на СДСМ ги чини граѓаните околу 1.5 милиони евра.
Странските инвеститори наместо во Република Македонија се одлучуваат за инвестирање во земјите од соседството поради растечката корупција и несигурност.
Најавите за покачување на даноците и неспособноста на оваа влада дополнително ги оддалечуваат инвеститорите.
Со цел да го оттргне вниманието од ваквите катастрофални политики, СДСМ форсира политичко монтирани процеси против сите оние кои не се согласуваат со нивните антидржавни политики и ја почитуваат државата и законите“, обвинува опозицијата преку соопштението.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




