20 Декември, 2025
0.0417

ВМРО-ДПМНЕ: Расте нервозата на СДСМ, тоа што функционер на СДСМ го направи е грозно

Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 17:03

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа што вчера се случи во Куманово е срамен и најдолен чин кој според нив најдобро доловува во каков очај е криминалното раководство на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Велат дека партиски функционер да нападне граѓанин само заради тоа што излегуваат на улиците и се спротивставуваат на Тиранската платформа и пазарењето со највисоките национални и државни интереси е чин за осуда и чин кој покажува колку СДСМ е отуѓена од граѓаните и не ги застапува нивните интереси.

„Претседател на Општинска Организација на СДСМ Куманово, физички нападна граѓанин кој протестираше во Куманово на протесниот марш на иницијативата „За заедничка Македонија“. Тој со погрдни зборови навредуваше човек кој сака да изрази револт, но истовремено го навреди и целиот македонскиот народ. Тоа што вчера функционер на СДСМ го направи е грозно. Очигледно расте нервозата на СДСМ од се поголемиот револт на граѓаните од Тиранската платформа. СДСМ наместо да се откаже од Тиранската платформа грчевито ја брани, како да е еден од потписниците на неа. СДСМ покажува дека е спремен да удри по сопствениот народ, само за да формира Влада врз темелите на Тиранската платформа, чии елементи значат редефинирање на државата. Паднаа маски. Граѓаните видоа дека СДСМ не се бори за слобода и демократија, туку дека има тоталитарен карактер. СДСМ се обидува насилно да спречи граѓаните да изразат оправдан револт, да изразат поддршка за унитарна и мултиетничка Македонија, и на крајот на краиштата да протестираат, што преставува уставно загарантирано и основно човеково право“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој чин на насилство и бара надлежните институции да реагираат и да го санкционираат насилникот. Очекуваат и СДСМ да се одважат и да го осудат својот функционер, со што ќе покажат дека неговите навреди и напади се изолиран чин на поединец, а не генерална политика на СДСМ и криминалното раководство предводено од криминалецот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки