19 Декември, 2025
0.0472

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да го почитува правото на слободен избор, отстапување нема

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016 19:29

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска одговорија на СДСМ дека опозициската партија ќе мора да научи да го почитува гласот на Македонците, правото на слободен избор и концептот на демократско одлучување и од тоа отстапување нема да има.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека СДСМ синоќа имала можност да види како изгледа достоинствен, патриотски протест, за разлика од, како што истакнуваат, насилниот и деструктивен протест на нивните платеници и вандали што ја држеле цела држава во грч долго време.

„454.519 гласови за ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека народот нема да му го дозволи ова на СДСМ. 454.519 гласови се доказ дека и минатите и сите избори претходно биле кристално чисти и демократски, а СДСМ не ги признал затоа што не сакал да се соочи со поразот. Затоа СДСМ реши да ја втурне Македонија во криза, а истото сака да го повтори и овој пат после десеттиот пораз по ред. Нема да им помине. Граѓаните нема тоа да го дозволат“ - стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Велат дека СДСМ не е демократска партија и не го разбира концептот на одлучување на мнозинството. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат и дека опозицијата сака да ја окупира државата без поддршка од мнозинството и да се однесува фашизоидно како што се однесувала и минатите две и пол години.

СДСМ денеска ги повика граѓаните да не подлегнуваат на провокации и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека врши притисок врз Државната изборна комисија, која расправа по нивните приговори и приговорите на БЕСА за изборите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки