05 Декември, 2025
0.0440

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е контрадикторен, во буџетот има пари за здравство, школство, инвестиции!

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2012 16:38

Добивај вести на Viber

Пред само една недела СДСМ се фалеше дека има исти прогнози во однос на економскиот раст, за да денес тие си ги корегираат сопствените проценки. Прво како смерница за сите свои економски дискусии ги земаа изјавите на меѓународните институции како ММФ и Светска банка, но штом тие ги поддржаа економските политики на Владата, СДСМ се повлече и влезе во контрадикторност со меѓународните институции. Тоа покажува дека СДСМ ги менува своите ставови ден за ден и дека не се работи за суштинска економска анализа, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ. Предлог-буџетот за 2013 година е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро зоната.Буџетот за 2013 е проектиран на прогноза на 2 отсто раст на БДП и тоа во услови на глобална економска криза. Девизните резерви ќе останат на високо ниво, а девизниот курс ќе остане стабилен при што, монетарната и фискалната политика ќе бидат во функција на одржување стабилно ниво на девизен курс, а со тоа и ценовна стабилност како крајна цел на монетарната политика. Дали СДСМ е воопшто свесна што значи да се одржи макроекономска стабилност во услови кога повеќето држави од Европа се соочуваат со кастрења на плати, намалување на социјалните бенефити, страшно високи ценовни шокови.зголе,мм на даноци. Во рамки на капиталните расходи, издвоени се средства за неколку крупни инфраструктурни проекти пред се започнувањето на изградбата на преостанатиот дел од автопатот на Коридорот 10, интензивирање на проектот за автопатот Демир Капија-Смоквица, како и инвестиции во делот на железничката инфраструктура, Куманово-Бељаковце и ремонт на Коридорот 10.
  • За енергетската област и комуналната инфраструктура предвидени се инвестиции во износ од 2 милијарди и 51 милион денари.
  • За технолошко индустриските развојни зони, планирани се средства во износ од 413 милиони денари.
  • Во Предлог-буџетот за здравството се планирани инвестиции од околу 2 милијарди 164 милиони денари,
  • На ниво од околу 1 милијарда и 909 милиони денари се планирани средства за областа на образованието, детската заштита, спортот.
Сето ова се реални инвестиции кои ќе ја поткрепат економијата. Реализацијата на планираните капитални инвестиции во време на оваа Влада се движат околу 250 до 300 милиони евра, што е двојно повеќе од времето на СДСМ. Со денешната прес конференција СДСМ стана единствената партија во Европа, која не ја признава Европската економска криза. Затоа исказите на луѓето од СДСМ не може да се сметаат на друг начин освен како потреба за политичко манипулирање, велат од ВМРО ДПМНЕ.      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември