18 Декември, 2025
0.0589

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ИЗЈАСНИЈА: Ќе преговараме за експертска Влада, но само ако на чело е натпартиска личност

Објавено во: Македонија 06 Март, 2021 15:50

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ е спремна да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.

Конечно, преку овие зборови испишани на крај на партиско соопштение, ВМРО-ДПМНЕ се произнесе за идејата што ја даде лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по примерот на Германија.

А претходно тие го искриткуваа младиот сдсмовец, Стефан Васев, кој на прес рече дека се потврдило парламентарното мнозинство.

„Очигледно е дека Васев не е запознаен со последната изјава на неговиот шеф. Го советуваме Васев да прочита по медиумите што неговиот шеф Зоран Заев бара. Заев денес со неговата изјава за широка влада потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада. Заев денес потврди дека неговата влада и мнозинството се неефикасни и немаат капацитет да се носат со проблемите. Заев не е способен да ја менаџира Република Македонија. Наместо Васев да дава празни изјави и да обвинува, нека погледне во неговата партија што се случува, а потоа да говори“, напишаа ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека партијата е подготвена да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.

Стефан Васев, пак, рече дека со месеци Христијан Мицкоски и неколку негови соработници, ја лажеле јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала.

„Со месеци Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер. Заради лични калкулации во белиот дворец, Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата. На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец. Внатрешните пресметки за превласт во белиот дворец Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги прекршат врз грбот на граѓаните. Крајно време е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со деструкциите и да научат нешто од дебаклот што го доживеаја. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се вразумат и конечно да се престројат на страната на граѓаните и државата. Со или без нивната поддршка, реформите во интерес на граѓаните ќе продолжат, ќе продолжи напредокот на државата. Граѓаните шест пати ги поразуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе го сторат тоа и повторно затоа што знаат дека од белиот дворец добиваат само лаги, измислици и деструкции“, рече Васев.

Али Ахмети е против опозициската ВМРО-ДПМНЕ да влегува во власта, туку смета дека таа треба да остане нејзин критичар. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција