ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека во скопската ЗОО има туберкулоза
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2025 10:11
Менаџментот на скопската Зоолошка градина и раководството во Градот целосно потфрлија. Во градината постојано угинуваат животни поради разни болести, излезе ВМРО-ДПМНЕ.со соопштение.
„Во ЗОО Скопје владее општ хаос, животни се разболуваат и умираат, а никој не ги третира и лекува. Сите инциденти за разболување и угинување на животните, установата ги крие од јавноста, а со тоа го доведува во опасност здравјето на останатите животни, но и на вработените и посетители.
Една од болестите којашто е причина за смртта на голем број животни е туберкулозата, која е заразна болест и претставува вистинска опасност за целата околина.
Пред месец и половина, во Скопската зоолошка градина починаа три лами од болеста туберкулоза, а кај уште две е потврдена истата инфекција.
Но, хаосот не запира тука. Пред 3 дена почина и младото мајмунче од видот ‘гибон’, а според патолошкиот наод, повторно се потврдува присуство на туберкулоза, истиот вид зараза како кај ламите.
Ова претставува аларм по кој треба итно да се реагира, а менаџментот да понесе одговорност“, се укажува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо заклучок, во соопштението се вели дека ваквите случаи отвораат сериозни прашања: колку животни загинаа од оваа болест, колку се загрозени и дали вработените и посетителите се безбедни?
Се порачува дека време е за одговорност и итна реакција.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




