18 Декември, 2025
0.0435

ВМРО-ДПМНЕ со нови кадровски решенија во ИЕ 1,2 и 3, Сергеј Попов нов претседател на УМС

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2020 11:19

Добивај вести на Viber

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница го избрал Сергеј Попов за нов претседател на Унијата на млади сили (УМС). Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет Јустинијан Први и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ. 

Најголемата опозициска партија објави дека се донесени повеќе кадровски решенија, а меѓу нив е и изборот на Попов, кој беше поздравен и од неговиот претходник и актуелен пратеник Јован Јаулески.

„Унијата на млади сили доби нов претседател кој ќе ги води младите во нови походи кон туркање на оваа ненародна власт која повторно ја узурпира и зароби државата.
Сергеј Попов е новиот претседател кој вчера беше едногласно изгласан на Извршниот комитет и со поддршка на претседателот Христијан Мицкоски. И моја, најголема, со која ќе застанам со сите сили зад Сергеј и неговиот тим и ќе испишат нови страници во историјата на УМС.

Верувам во него, во неговиот капацитет и желба за борба, желба за подостоинствен живот на младите и поголем статус во општеството, во неговиот нескротлив порив за македонштина и лојалност на каузата.
Верувам во него и убеден сум дека во него младите ќе препознаат лидер со кого ќе ги извезат новите победи за ВМРО и Македонија“, напиша Јаулески на Фејсбук.

За Координатор на пратеничката група е уште еднаш потврден Никола Мицевски, а за негови заменици се именувани пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова, додека за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одлучува преку јавен оглас кој ќе трае две недели.

Луке Галески ќе го раководи Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, од каде најавуваат дека процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период, информираат од партијата.

На седницата на Извршниот комитет била донесена и одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3.

– Иван Живковски – ОК Кисела Вода
– Дејан Митески – ОК Аеродром
– Тони Јаревски – ОК Карпош
– Гане Петров – ОК Центар
– Жарко Ристески – ОК Македонски Брод
– Јане Мицевски – ОК Сопиште
– Кенан Абди – ОК Студеничани
– Мартин Стојановски – ОК Сарај
– Бобан Стефковски – ОК Гази Баба
– Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров
– Ѓоко Велковски – ОК Чаир
– Дарко Костовски – ОК Бутел
– Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево
– Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари
– Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден
– Марија Петрушевска – ОК Петровец
– Коста Маневски – ОК Зелениково
– Зоран Здравевски – ОК Чашка
– Дејан Владев – ОК Свети Николе
– Иван Јорданов – ОК Штип
– Виктор Паунов – ОК Карбинци
– Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево
– Борчо Коцев – ОК Зрновци
– Митко Костадиновски – ОК Виница
– Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица
– Бошко Цветковски ОК Лозово
– Киро Нацков ОК Градско



Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје