ВМРО-ДПМНЕ: Ставот на амбасадата на САД не е официјален став на Трамп
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017 15:00
Очигледно е дека нема потврда дека ставот на американската амбасада во Скопје е официјален став и сугестија на новата администрација во Вашингтон, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата претходно побара амбасадата на САД да појасни дали нивниот став дека не треба да има нови избори, односно дека партиите во сегашниот состав мора да разговараат за формирање на идната влада, е официјален став на Вашингтон. Американската амбасада денеска не даде појаснување и само кусо соопшти дека кажале што имаат да кажат.
Амбасадата на САД во понеделникот ги повика политичките партии во Македонија да продолжат со разговорите за формирање на влада, откако во неделата ВМРО-ДПМНЕ и мандатарот Никола Груевски не успејаа да состават влада.
ВМРО-ДПМНЕ потоа побара појаснување дали станува збор за официјален став на новата американската администрација на претседателот, Доналд Трамп.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




