ВМРО ДПМНЕ тврди дека СЈО не било причина за пропадната коалиција со ДУИ
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017 11:35
Владеачката партија не престанува со прес соопштенија во кои потенцира и гледа на Специјалното јавно обвинителство како партија а не како институција.
Уште едно во низата вакви соопштенија беа испратени до јавноста и денеска.
Од партијата на екс премиерот Никола Груевски посочуваат дека СЈО не било проблем за коалиција со стариот партнер ДУИ, туку како што тврдат двојазичноста.
Од ВМРО ДПМНЕ соопштуваат дека во преговорите со ДУИ и Али Ахмети имале различи позиции во однос на СЈО, кое за нив не ги оправдало очекувањата туку се покажало како целосно непрофесионален, некредибилен и политички наместо правен орган.
Меѓутоа,од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека најголем дел од времето преговарајќи посветиле на двојазичноста каде што и биле главните разлики.
Оттука станува јасно дека и покрај сите негирања дека преговорите за формирање на Влада запнале кај СЈО , сепак тимот на Катица Јанева е дел од причините поради кои двата стари коалициони партнери не успеаја да договорат нова Влада.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




