26 Декември, 2024
0.0423

ВМРО-ДПМНЕ за фотографијата на Филипче и Вице Заев: Поважни им се плажите отколку животот на граѓаните

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

И во криминалот и во одморот се заедно, Венко Филипче и семејството Заеви, Зоран и Вице, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Видовме од фотографиите по социјалните медиуми дека за Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово. Но, затоа десеттина дена по случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница ниту има детали за починати, ниту нивен идентитет, велат од опозициската партија.

Во медиумите се појавија фотографии на кои се гледаат Вице Заев и Венко Филипче на плажа седнати на лежалка. За фотографиите се уште не коментирал Филипче.

„Нема ниту одговори на клучни прашања за тоа како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин, дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки, зошто немало противпожарни апарати, зошто немало доволно медицински персонал, дали основното јавно обвинителство ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна? прашува ВМРО ДПМНЕ.

Додаваат дека како тргнала работата според одредени сознанија се чини дека фиктивната оставка на Филипче ќе биде најмал проблем.

„Зошто? Затоа што многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност.

Бидејќи поминаа десеттина дена од случајот, а нема никакви детали повторно го прашуваме Филипче, дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, бил предупреден од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници, стои во соопштението.



Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија