ВМРО-ДПМНЕ: За невистините кои ги изнесе Богоевски ќе добие тужби
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лицето Слободан Богоевски, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористил Телевизија Телма и времето кое му беше дадено во емисија Топ Тема за да изнесе, лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и на функционери од партијата.
Од партијата додаваат дека за сите невистини кои ги изнесе Богоевски, ќе добие тужби за клевета пред надлежниот суд.
„За ВМРО-ДПМНЕ гостувањето на Слободан Богоевски претставува уште еден очајнички обид на аболицираниот криминалец Зоран Заев, да користи лица кои биле осудени за криминал и лежеле казна затвор за да му ја вршат валканата работа, надевајќи се дека со лаги и клевети ќе успее да го изманипулира народот, наметнувајќи му мислење дека сите политичари се исти“- се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, поранешниот шеф на УБК, Слободан Богоевски, изјави дека предлогот за Никола Груевски да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ дошол од грчкиот бизнисмен Кондоминас.